Царовска говореше на панел дискусијата за „Дизајн за социјална инклузија“

Од:

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска говореше на панел дискусијата за „Дизајн за социјална инклузија”, организирана во рамки на „Скопје постер фестивал”.

Еден обичен постер, може да промени нечија свест. Може да афирмира вредности и заложби, да предупреди, да превенира, да влијае на став или само да не информира.Тоа е моќта на дизајнот, а дигиталното време во кое живееме драстично ги помести границите на таа моќ.

Да се дизајнира за социјална инклузија, пак, значи да се прават напори за креирање одржлив социјален, културен и економски развој. Тоа подразбира дека на знаењата и вештините кои ги поседуваат дизајнерите треба да им се даде хумана димензија преку која се подобрува секојдневниот живот на луѓето. Таа мисија е успешна кога се дизајнира согласно со потребите на одредена општествена група и на заедницата во целина.

„Како воопшто да зборуваме за напредните решенија за инклузија, за вистинско вклучување, кога нашиот град, нашите згради, болници и улици се исклучиви. Тоа е таа димензија на моќта на дизајнот за која секој креативец треба да е свесен, а со тоа и одговорен како ќе ја употреби. Одговорен, затоа што директно влијае на сериозни прашања и на човечкото секојдневие и живот”, потенцираше министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

На панел дискусијата „Дизајн за социјална инклузија”, беа споделени светските пракси за тоа како може дизајнот да поттикнува промени и решенија кои ќе значат олеснување на животот на луѓето со попреченост.

Би можело да ве интересира

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски

МТСП: Пензискиот фонд е стабилен, да не се креира страв кај пензионерите

МТСП: Социјалните партнери постигнаа значителен напредок во преговорите за раст на платите во јавен сектор

МТСП: Во тек е исплата на образовниот додаток за трет мерен период за учебната 2022/2023 година

Ана Ололовска