(ВИДЕО) Заев: Цар Самоил не се сметал како Бугарин или Македонец, туку како син на Господ

Од:

Премиерот Зоран Заев во интервју за бугарската телевизија БТВ изјави дека во македонските учебници не треба Бугарија да биде категоризирана како фашистички окупатор. На новинарското прашање дали во учебниците пишува дека Бугарите се фашистички окупатори, Заев одговори дека нема такво нешто, но и доколку има тоа треба да се смени.

-Мислам дека во минатото во некои учебници имало таква работа, пишувало фашистичкиот бугарски окупатор но во модерната историја во Македонија пишува само за фашизмот, а не пишува за нациите како фашисти или окупатори или нешто слично, вели Заев.

Во контекст на целиот договор со Бугарија, премиерот Заев го спомна и Цар Самоил за кој кажа дека не е ниту Македонец ниту Бугарин.

-Кога го прашале Цар Самоил која е неговата националност, тој не се кажал како Бугарин или Македонец, туку како син на Господ, рече Заев во интервјуот за бугарската телевизија.

Од земја која е скарана со петте соседи, Македонија веќе стана пријател на сите во регионот, изјави македонскиот премиер Зоран Заев во интервјуто за Бугарската национална телевизја – БТВ.

Тој истакна дека „ние сме дел од Европа, а не од Африка“ и ги почитуваме демократските принципи и човековите права. Меѓу нив е и правото на самоопределување, вклучувајќи ги и оние кои се чувствуваат „бугарски“.

„Струмичкиот дијалект е блиску до бугарскиот јазик, бидејќи сме во близина на бугарската граница. Ние зборуваме на јазик што го разбираме. Во двете земји постојат два различни народи со два различни јазика“, рече Зоран Заев, според кого не ни требаат преведувачи.

Тој истакна дека Македонија има вековна сопствена историја, но правото на самоопределување е демократско и универзално за секој граѓанин.

„Буквално пред 7 до 8 години имаше големи расправии со сите пет наши соседи. Со Албанија и Косово денес работиме совршено. Со Србија, секојдневно напредуваме се повеќе и повеќе. Со Бугарија, станавме не само пријатели, туку и сојузници. Ние градиме одлично пријателство со Грција. Постои политички проблем што треба да се реши“, рече Заев.

Тој се осврна на спорот со Атина за името на земјата.

„Верувам дека Грците ги омекнаа своите позиции. Докажавме со Бојко Борисов дека не ни треба трета страна да притисне. Лидерите можат да постигнат решение што е добро за граѓаните. Не постои договор во кој само една страна ќе отстапи“, коментираше македонскиот премиер.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

СДСМ: Докажете или престанете да лажете за Филипче

Предраг Петровиќ

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

A1on

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

A1on

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска