Новите фотографии на НАСА кои ги сликал „Кјуриозити“ се гледа нешто налик на цвет и изгледа како да процветало на црвеното тло. За „марсовиот цвет“ НАСА вели дека не се работи за некој отпад, бидејќи изгледа како да е никнато од земјата.
Љубениците на космосот на разните форуми веќе ги понудија своите решенија за тоа што би можело ова да биде. Еден од нив вели дека тоа навситина личи на цвет, додека други говорат дека тоа може да биде полудраг камен, како што на пример е кварцот.
Гај Вебстер, портпаролот на НАСА за Дејли Њуз вели:
„Реков дека „цвет“ е само термин со кој ќе ја објасниме формата на предметот и тоа не значи дека на Марс навистина има растенија.“
За слично парче откриено во месец октомври се испостави дека е парче пластика отпадната од самиот ровер.