Актуелниот шампион Вардар и лидерот на табелата во Првата македонска фудбалска лига Шкендија, попладнево забележаа победи во натпреварите од 15. коло.
Вардар во ефикасен натпревар славеше триумф над Ренова во Тетово, додека Шкендија во Кратово беше поуспешна од Силекс.
Најубедливата победа ја постигна Работнички, а Академија Пандев ги освои бодовите во Битола и се врати на третата позицја.
Резултати на натпреварите од 15. Коло во Првата македонска фудбалска лига:
Пелистер – Академија Пандев 3:4,
Ренова – Вардар 2:5,
Работнички – Победа 4:0,
Силекс – Шкендија 0:2.
Средбата Скопје – Шкупи е одложена поради поплавен терен.
Табела: Шкендија 37 бода, Вардар 26, Академија Пандев 24, Силекс 22, Работнички 19, Ренова 17, Шкупи 15, Пелистер 15, Победа 15, Скопје 9.