(ВИДЕО) Вељановски: Обвинителството да отвори истрага против Горјан Тозија поради сомневање дека го рекетирал „Јадран филм“

Од:

„Рекетарството стана заштитен знак на СДС. Странски продуценти ја обвинија новата власт за барање мито. СДС ја срами Република Македонија и ја руши нејзината репутација во светот.

ВМРО-ДПМНЕ го повикува јавното обвинителство по допрен глас да отвори истрага за барање на поткуп против Горјан Тозија поради сомневање дека истиот го рекетирал „Јадран филм“ односно се обидел противправно да се стекне со финансиски средства и притоа имал намера да нанесе штета на угледот на државата и институцијата што ја претставува, но и на буџетот предвиден за проектот „Македонија“.

Вчера бевме сведоци на скандалозно сведочење на директорот на „Јадран филм“ кој јавно се пожали дека бил жртва на рекет на функционерот на СДС.

Претходните денови во медиумите бевме сведоци на објавени изјави во кои што на разни начини Тозија се обидел да ја блокира серијата. Срамот да биде уште поголем барал да се оттргнела патриотската нишка и да се минимизирале сите делови кои се однесуваат на ВМРО.

Во медиумите протекоа и информации дека причината за сето ова се стари долгови кои ги имал Тозија, кој после именувањето на функцијата вршител на должност директор на агенција за филм се обидува да најде начин да си ги наплати.

Доколку ЈО барем малку држи до професионалноста и правото ова се доволно причини да се отвори истрага и да се проверат наводите. До тогаш, минимум што може да стори Јавното обвинителство е како мерка да побара од судот да му биде изречена забрана за вршење на дејноста до завршување на истрагата“, изјави Роберт Вељановски.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

А1 Македонија партнер на 26. Скопје филм фестивал

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

Ново издание на месечните „Кино средби“ на Францускиот институт Скопје во Кинотеката

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски