Дождот кој веќе два дена без престан врне во Скопје го поплави теренот на стадионот во населбата „Автокоманда“ и не дозволи да се одигра денешниот натпревар од 15. коло во Првата македонска фудбалска лига меѓу „соседите“ Скопје и Шкупи.
Надлежната комисија при ФФМ ќе треба да одреди нов термин за одигрување на средбата. Во тек се другите четири средби од 15. рунда во македонскиот шампионат.
Резултати по првото полувреме:
Пелистер – Академија Пандев 1:2,
Ренова – Вардар 2:4,
Работнички – Победа 2:0,
Силекс – Шкендија 0:0.