Француските археолози открија средновековно богатство во бенедиктинската опатијата Клуни во централна Франција, што било закопано осум векови.
Повеќе од 2.000 средновековни монети и златни предмети откриени се уште во септември, но тимот археолози од Универзитетот во Лион дури денеска објавија за своето откритие.
Меѓу пронајдените предмети има и 21 златен динар кои потекнуваат од 12 век од Шпанија и Мароко, како и златен прстен со благородни камења.
Клуни е еден од најголемите средновековни манастири во Западна Европа.
Археолозите откритието го оценија како „исклучително“, додавајќи оти е мистерија зошто богатството останало скриено со векови.