Муслиу: Против Ренова во Тетово секогаш е тешко

Од:

Актуелниот шампион Вардар денеска и гостува на Ренова во 15. коло од Првата македонска фудбалска лига. Стоперот на „црвено-црните“ Висар Муслиу очекува тежок дуел против својот поранешен клуб.

– Сите екипи имаат тешка задача во Тетово против Ренова. Знаеме дека секој тим дава максимум за да му земе некој бод на Вардар. Ние треба да одиграме максимално дисциплинирано за да дојдеме до победата во Тетово. Јас бев во Ренова, но сум професионален фудбалер и сега мислите ми се само кон Вардар и кон тоа како да оствариме триумф на утрешната средба, изјави Муслиу за клупската веб страница на Вардар.

Натпреварот почнува во 13 часот за кога се закажани и другите четири средби од оваа рунда:
Пелистер – Академија Пандев,
Работнички – Победа,
Скопје – Шкупи и
Силекс – Шкендија.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска