Денеска попладне во Брисел дошло до нереди за време на неодобрен собир организиран од јутјубер познат како „Варгас 92“, при што се уапсени 16 лица, јавуваат белгиските медиуми.
Bruxelles : émeutes dans le centre-ville cet après-midi après un rassemblement organisé par une star de Snapchat. Des commerces et des voitures ont été vandalisés. 16 interpellations. (VTM) pic.twitter.com/HcPBx6pLlW
— Infos Françaises (@InfosFrancaises) November 15, 2017
Јутјуберот ги повикал своите фанови на плоштадот во Брисел со цел да снима видео, но со учесниците се измешале и провокатори кои предизвикале повеќе инциденти, по што морала да интеревенира и полицијата.
Според портпаролот на градоначалникот на Брисел, Филип Клоз ситуацијата сега е под контрола, уапсени се 16 лица и се уште се трага по други.
?‼️?? #Belgium: Again large riots of the usual suspects in #Brussels. The police were attacked during the recording of a hip-hop video. pic.twitter.com/GjGWgxYWd8
— Onlinemagazin (@OnlineMagazin) November 15, 2017
За време на нередите, дел од демонстрантите пукале кон полицајците со проектили, кршеле прозори и излози на продавници, а направиле штета и на паркираните автомобили.
Премиерот Шарл Мишел рече дека одговорните за насилството над полицијата не смее да останат неказнети и дека таквото насилство е неприфатливо.