Италијанската компанија за луксузни автомобили „Ламборџини“ изработи уникатен модел „Хуракан“ за папата Франциско, соопшти денеска прес-службата на Ватикан.
Подарокот му беше предаден на поглаварот на Римокатоличката црква за време на аудиенцијата со раководството на компанијата.
Прес-службата наведува дека автомобилот ќе биде продаден на аукција од страна на „Сотбис“, а сите средства ќе бидат наменети за хуманитарни цели кои опфаќаат неколку проекти.