Серија земјотреси денеска го погодија јужнокорејскиот град Поханг, соопшти Корејската метеоролошка управа.
Првиот потрес со интензитет од 5,5 степени бил со епицентар во реонот на градот, а вториот бил со јачина од 5,4 степени според Рихтерова скала.
Земјотресите биле почувствувани и во главниот град Сеул, кој се наоѓа на неколку стотици километри од Поханг.