Водостоите на сите реки во државата се под просекот за ноември. Најдрастична е ситуацијата на реката Вардар, кај Јегуновце, и на реката Сатеска, кај Ботун.
Над просекот е само реката Брегалница, кај Берово, каде утринава нивото било 20 сантиметри, додека просекот за ноември е 17 сантиметри.