Заев и Церар: Нашите земји делат исти вредности и сакаме идната година да почнат пристапните преговорите на Македонија за членство во ЕУ

Од:

Премиерите на Република Македонија и Република Словенија, Зоран Заев и Миро Церар, одржаа заедничка прес конференција и одгвораа на повеќе прашања од интерес на медиумите за официјалната посета на владината делегација на Република Македонија на Република Словенија.

Премиерот Заев во своето обраќање пред словенечките медиуми, истакна дека односите меѓу Република Македонија и Република Словенија се пример за пријателство и дека тоа пријателство и срдечните односи се изградени на солидните темели на взаемното длабоко познавање и на меѓусебна почит меѓу народите на двете земји, како и на заедничкото препознавање на вредностите што не поврзуваат.

Претседателот на Владата на РМ, Зоран Заев, потенцираше дека и Република Македонија и Република Словенија постојано ги истражуваат и им даваат шанса на сите можности за продлабочување на оваа соработка.

– Една таква можност која има големи потенцијали е превземањето на претседавањето на Процесот за соработка во Југоисточна Европа од страна на Република Словенија. Изразувам најискрени честитки за овој настан и за сите иницијативи што ќе произлезат од овој процес. Сигурен сум дека Словенија ќе внесе нова динамика во него. Од Република Македонија ја имате целосната поддршка – истакна премиерот Заев.

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев на темата за аспирациите на нашата земја во ЕУ и НАТО истакна дека во Владата на РМ постои цврсто втемелена согласност, дека додека ги спроведуваме консолидирачките и реформските процеси во земјата, со иста енергија и фокусираност пристапуваме и кон градењето на нашите односи со соседите, со земјите во регионот, како и со нашите стратешки определби да ја удвоиме брзината на процесите за членство во НАТО и ЕУ.

– Ова за нас е посебно значајно, посебно во период кога темата за проширување на ЕУ не е приоритетна тема во некои земји членки. Од тој аспект, уверени сме и имаме големи очекувања дека Словенија ќе биде меѓу најгласните и најсилните поддржувачи на веќе зајакнатата меѓународна поддршка за Република Македонија за остварување на нашите ЕУ и НАТО аспирации. Сакаме и очекуваме Македонија да биде 30-та членка на НАТО. – нагласи премиерот Заев пред претставниците на словенечките медиуми.

Во однос на регионалната соработка, како еден од предусловите за практикување на добрите политики на Република Македонија, премиерот Заев ги издвои проектите од Берлинскиот процес, особено заради нивниот прагматичен пристап и фокус на вмрежување, транспорт и регионална соработка, кои ги вратија на агендите на земјите од Западен Балкан процесите со кои се создаваат услови за обезбедување на европските стандарди.

– За Република Македонија од голема важност е да продолжат иницијативите за регионално поврзување во патната и железничката инфраструктура, како и реализацијата на Регионалната економска област. Учествуваме активно во овој процес: Дадовме иницијатива, заедно со претседателите на владите на Босна и Херцеговина и Црна Гора, за заедничка регионална авио-линија Скопје-Подгорица-Сараево со која сакаме да го поврземе регионот и да овозможиме поголема мобилност за луѓето – потенцираше на прес конференцијата премиерот Заев.

Во продолжение на своето обраќање пред словенечката јавност, премиерот Заев ја изрази благодарноста кон Република Словенија во име на владата и во име на граѓаните на Република Македонија за континуираната поддршка за забрзано членство во ЕУ и НАТО, како и за поддршката на Република Словенија во надминување на предизвиците во текот на мигрантската криза со мисијата во која учествуваа припадници на словенечката полиција, кои работеа рамо до рамо со колегите во Македонија, кога заедно ја обезбедуваа јужната граница на Република Македонија.

Премиерот Заев и на прес конференцијата упати отворена покана до Претседателот на Владата на Република Словенија Миро Церар да дојде во официјална билатерална посета во Република Македонија.

Претседателот на Владата на Република Словенија Миро Церар, на прес конференцијата по повод официјалната посета на владината на делегација на Република Македонија, истакна дека оваа посета го потврдува традиционалното и искрено пријетелство меѓу двете земји, кое симболично и реално беше започнато пред 25 години кога двете земји, токму меѓу себе ги воспоставија првите дипломатски односи во нивните меѓународни односи како самостојни држави.

Пемиерот Церар истакна дека во интерес на ЕУ и на Словенија е Македонија, како стабилна и безбедна земја, да се приклучи колку што е можно побргу кон ЕУ и НАТО.

– Посакуваме веќе следната година да опточнат пристпаните преговори на Република Македонија со ЕУ, и во таа насока сме подготвени да ги помагаме и поддржиме реформите што земјата ги спроведува на планот на евро-атлантските аспирации – истакна премиерот на Словенија Миро Церар на заедничката прес конференција со премиерот Заев.

Двајцата премиери изразија согласност дека двете влади ќе настојуваат да се создадат иницијативи за дополнително интензивирање на стопанската соработка, како и на планот на развојните политики на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

ВИДЕО: Силно невреме ја парализираше Словенија

Лизгање на земјиште затрупа неколку куќи во Словенија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Невремето од Словенија ја зафати Хрватска: Силните налети на ветер уриваа покриви и дрвја