Николовски во Љубљана се сретна со словенечкиот министер Жидан и директорот на словенечката Платежна агенција Јаренко

Од:

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски заедно со директорот на Платежната агенција, Николче Бабовски, во рамки на посетата на владината делегација предводена од премиерот на Владата на РМ Зоран Заев, во Љубљана, Р. Словенија, имаа средба со словенечкиот министер за земјоделство Дејан Жидан и директорот на словенечката Платежна агенција Бенедикт Јаренко.

На средбата министрите и директорите разговараа за моменталните проекти и активности кои се од голема важност за македонското земјоделство, како што е ЛИДЕР Програмата, формирањето на Локалните акциски групи, како и јакнење на капацитетите на македонската Платежна агенција.

На средбата министерот Жидан и директорот Јаренко, ја повторија нивната заложба за експертска и техничка помош во делот на зајакнување на советодавната служба на македонската Платежна агенција.
По завршување на Твининг проектот „Понатамошно зајакнување на капацитетите на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот равој и подготовка на Агенцијата за програмскиот период 2014-2020“, Платежните агенции од двете земји воспоставија дирекна комуникација и веќе се договараат за идните чекори. Искористувањето на ИПАРД средтствата е еден од највискоите приоритети на Владата на Република Македонија и поддршката во оваа насока е многу потребна и важна во идниот период.

Воедно,на средбата двајцата министри заеднички ги договорија и активностите во делот на организирањето на меѓународниот саем за земјоделство и храна „Агра 2018“, што ќе се одржи следната година во Горна Радгона, Словенија, на кој токму Македонија следната година ќе биде земја партнер.

Република Македонија како земја-партнер ќе има можност да се претстави од повеќе аспекти, односно покрај централното место што ќе го заземе земјоделството и македонските земјоделско прерамбени производи, земјата ќе ја претстави и својата економија, можностите за инвестирање и развој на бизниси, традицијата, културните особености и својата привлечност и предности како туристичка дестинација. Паралено со претставувањето на земјата, планирани се бизнис средби меѓу стопанствениците на двете земји, во функција на продлабочување на соработката првенствено со Словенија, но и соседните земји од регионот заради регионалниот карактер на саемот АГРА.

Би можело да ве интересира

65-годишен скијач од Словенија тешко се повреди на Шар Планина

Горан Наумовски

Македонска инвестиција во словенечкиот приватен здравствен сектор: што значи потегот

Над 19.000 домаќинства во Словенија се без струја поради снежно невреме

А1он

Словенија се подготвува да забрани користење на социјални мрежи за помлади од 15 години

А1он

Неколку основни и средни училишта во Словенија денес добија е-пораки со безбедносни закани

СДСМ: Нов доказ-мигранти за пари, проект за железница со пари од договорот со Британија