Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија предводена од директорот Александар Донев, ја претстави туристичката понуда на Македонија на еден од најзначајните настани во туристичката индустрија за 2017 година, “World Travel Market” во Лондон. На овој водечки настан во туризмот туристичката понуда ја претставија 5000 дестинации кои се вмрежија со 51.500 публика, од професионалци во туристичката индустрија, купувачи, новинари и различни влијателни личности.
Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот оваа година ја претстави туристичката понуда на Македонија преку различни видови на активности, комуницирајќи ги можностите за одржлив туризам кои ги нуди земјава. Овој тип на промоција ја зголеми визибилноста на Македонија во океанот на дестинации кои се промовираат за време на WTM, а посебно беше поздравена од страна на генералниот секретар на Светската туристичка организација, г-дин Талеб Рифаи.
Настанот на кој присуствуваше туристичката елита од целиот свет официјално беше отворен со дискусијата на UNWTO и Министерскиот самит – Растот на туризамот: растот не е непријател, туку како ние го менаџираме. Фокусот на овој Самит каде присуствуваше и директорот Донев беше во насока на дискусија на проблемите и очкеувањата до 2030 година, обезбедување на одржлив развој, јавни политики и стратегии за справување на притисокот врз природните и културните ресурси, како и зголемување на дијалогот помеѓу туризмот и локалните заедници – нивна соработка и координација.
Со цел да се продолжи приказната на Македонија во насока на брендирање на дестинацијата како уникатна и атрактивна за светските патувачи, директорот Донев оствари средба со асоцијацијата за активен туризам (АТТА), а потоа и со г-дин Едвардо Сантандер од ЕТЦ (European Travel Commission) чија работа е насочена кон детектирање на последните трендови за промоција, што е особено важно за Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. ЕТЦ како потенцијални ентитети со кои би можеле да оствариме сорабтока се фокусираат на интернет маркетинг, анализа на пазари и оптимизација на операции, а главната идеа е Македонија за стане дел од европското семејство и да се приклучи на заедничката промоција на Европа како туристичка дестинација.
Во рамки на WTM Лондон, директорот на АППТ Донев оствари средби со голем број тур-оператори од Англија и светот кои изразија интерес за соработка со Македонија, како и бројни медиумски куќи кои го презентираа нивниот капацитет и иновативност која би придонела за промоција на Македонија.
Моќта на медиумите, трендовите и придобивките од промоцијата на туризмот беа тема на разговор на директорот Донев со Рајан Датар од “The Travel Show” на BBC (следено од 390 милиони гледачи од светот) на која се приклучија и министерите за туризам на Црна Гора и Албанија, Павле Радуловиќ и Бленди Клоси, како и директорот на туристичката организација на Албанија, Ардит Чолаку.
На маргините на WTM се оддржа и “Destination Showcase”, вмрежување организирано од Travel Weekly, каде АППТ на бизнис средби се сретна со околу 90тина тур-оператори од Англија на кои ја презентираше својата туристичка понуда. На настанот воведно обраќање имаше директорот Донев, кој го најави учеството на Македонија и го сумираше туристичкиот потенцијал на земјата.
На вториот по ред интернатционален самит за кризен менаџмент во Лондон, директорот Донев заедно со највлијателните луѓе во туризмот дискутираше за позицијата на лидерот во менаџирање на кризите и градењето на доверба кај туристите, и позицијата на дестинациите откако ќе се соочат со криза. Иновативни производи и услуги се измислени и се измислуваат со цел да го намалат негативното искуство на туристот, што е особено важно за Македонија како дел од турболентниот Балкан.
На сите веќе споменати продуктивни настани кои се одвиваа напоредно со “World Travel Market”, АППТ зема активно учество со цел поголемо присуство на Македонија и квалитетно искористување на времето поминато во Лондон.