Делегација од Владата положи цвеќе пред споменикот на ослободителите на Скопје, по повод 13 Ноември

Од:

Претставници на Владата денеска положија цвеќе пред споменикот на ослободителите на Скопје на платото пред Владата на Република Македонија, а по повод одбележување на 13-ти ноември – денот на кој пред 73 години беше ослободено Скопје.

Владината делегација составена од министерката за одбрана Радмила Шекеринска, министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, како и министерот без ресор, Зоран Шапуриќ, им оддаде почит на загинатите борци кои придонесоа 13 ноември 1944-тата година да биде најсветол датум во историјата на Скопје.

Покрај владините претставници, пред загинатите борци се поклонија претставници на Генерал штабот на Армијата на РМ, делегации од неколку скопски општини, како и од амбасадите на Италија, Украина, Руската федерација, Кина и на Франција.

Свежо цвеќе во чест на 87-те паднати херои од НОБ, положија и делегации од неколку скопски средни училишта.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пожарот во Кисела Вода е ставен под контрола, повреден пожарникар

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем пожар во Кисела Вода, чад се гледа од повеќе делови на Скопје

Катерина Ѓуровски

Најмногу дожд наврна во скопско Црешево и Гази Баба

Ѓорѓиевски: Со навремена и координирана реакција спречивме поголеми последици од невремето во Скопје

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ќе продолжи со поддршка на домашната економија

(ВИДЕО) До 1 јули новиот владин состав пред пратениците, најави Мицкоски