Аеродромите и пристаништата во Јемен ќе бидат отворени за хуманитарни пратки и трговски стоки, соопшти саудиската мисија во ОН.
– Првиот чекор ќе биде преземен во следните 24 часа и предвидува да бидат отворени сите пристаништа во реоните под контрола на јеменската влада, соопшти мисијата.
Сите големи јеменски пристаништа и аеродроми се затворени од минатата недела од страна на коалицијата предводена од Саудиска Арабија за да се спречи протокот на оружје за Хутите, бунтовници поддржани од Иран.