Тимоние: Ако партиите не работат заедно на патот кон ЕУ, се поставува прашањето какво би било местото на Македонија во Унијата

Од:

За да се одржи средба во вилата на Жан Моне во Париз потребна е подготвеност на сите политички партии да присуствуваат и да работат заедно на патот кон ЕУ. Доколку не можат да се договорат ќе се постави прашањето какво би било местото на Македонија во Унијата, рече францускиот амбасадор, Кристијан Тимоние.

– Треба пред се сите да бидат согласни да дојдат заедно во вилата во Париз, и на некој начин тоа е предуслов. Јас разбрав дека има принципиелни договори што се на некој начин постигнати. Меѓутоа, ако договорот меѓу партиите не може да се направи во Македонија, тогаш може да се состанат во Париз. За нас, пред се, тоа е работа на македонските партии, а ние ќе бидеме само добронамерни домаќини, изјави Тимоние, одговарајќи на новинарско прашање во врска со идејата политичарите од Македонија да разговараат во вилата на Жан Моне во Париз, како и за ставот ВМРО-ДПМНЕ дека проблемите во Македонија треба да се решаваат во македонските институции.

Париите треба да најдат начин и да работат заедно за остварување на евроинтеграциите, смета Тимоние и додава дека доколку не успеат да се договорат ќе се постави прашањето какво би било местото на Македонија во Европа, но одговорот го остава на македонската страна.

Би можело да ве интересира

ДУИ: ВЛЕН врши политички притисок врз обвинителството

ЕУ ја финансира Украина со замрзнати руски средства

ЕУ подготвува нов пакет санкции против Русија

Захарова: НАТО и ЕУ станаа дел од меѓународните терористички активности

(ВИДЕО) „Цела Европа ќе гори, опасноста се движи кон исток“: Алармантно предупредување од Одделот на ЕУ за вонредни ситуации

ЕУ го повика Иран да ја прекине воената поддршка за Русија