ВМРО-ДПМНЕ: Хари Локвенец да прекине со лицемерните изјави

Од:

„И после 6 месеци негативна кампања, продолжувате со Вашите лицемерни изјави. Наместо да се засрамите што сте дел од гарнитурата на Бранко Црвенковски, човекот што физички сакаше да се пресмета со своите сограѓани, Вие продолжувате да ги поддржувате оние Ваши консултанти што се залагаат за крвопролевање“, реагираат од владејачката партија.

Наместо да се дистанцирате од тие што промовираат убиства и пукање, Вие слепо ги слушате инструкциите од старите излитени политичари!

На Вашите партиски собири најчести поддржувачи се луѓето што имаат проблеми со законите во Р. Македонија.

Во иднина, доколку не учествувате на изборите, Вашата негативна енергија насочете ја кон оние што го донесоа Прилеп на питачки стап, а кои за жал, сеуште се во врвот на Вашата партија.

И, уште нешто…ни должите објаснување за реализацијата на смешните ветувања што ги презентиравте, со суфлери кои стоеја позади камерите, на Вашите две единствени појавувања пред камерите!

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски