ВИДЕО: Кафе бар Версаче и уште 12 локали затворени по вчерашната акција

Од:

Врз основа на претходно изготвени анализи и оперативни сознанија, МВР во текот на вчерашниот ден изврши контрола во угостителски објекти, каде утврдиле дека не се почитуваат законските прописи во поглед на работното време, точење алхохол на малолетни лица и неиздавање на фискални сметки при што биле затворени 13 локали.

Помеѓу 13те затворени локални се најде и локалот „Версаче“ во сопственост на контраверзниот бизнисмен од Шуто Оризари, Шенки Маслани.

Шенки стана познат преку социјалните мрежи каде ја покажуваше својата куќа која што е цела дизајнирана во стилот на Версаче, каков што е и локалот, а и неговите автомобили.

Шенки во јавноста изјави дека своето богатство го стекнал со препродавање на автомбили.

Поради утврдени неправилности, затворени се 13 угостителски објекти, а на едукација се повикани пет сопственици на угостителски објекти, информираат од МВР.

– Во осум угостителски објекти е евидентирано присуство на малолетни лица, а приведени се четири малолетници. Двајца од нив за користење на наркотични средства, а двајца за утврдување на идентитет изјави портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.

Вчеравечер била спроведена и зајакната акциска контрола во врска со управувањето на возила од граѓани под дејство на алхохол, каде е утврдено дека 272 возачи се алкотестирани и кај 102 возачи е утврдено присуство на алхохол. Од МВР информираа дека се констатирани 49 други прекршоци, за што се издадени 12 мандатни и 37 прекршочни платни налози.

Би можело да ве интересира

Српски портали: Инцидент и физичка пресметка пред концертот на Јелена Карлеуша во Скопје

Предраг Петровиќ

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он

Кривична за криминалците кои одземаа пиштол од полицаец, фрлија кеса со марихуана и бегаа по автопат

А1он

Aкција на МВР и ФБИ: Разбиен нелегален онлајн пазар за продажба на украдени податоци