ДУИ ќе учествува во Жан-Моне дијалогот

Од:

Демократската унија за интеграција ќе земе учество во Жан-Моне дијалогот, кој го предлага европратеникот Иво Вајгл на кој е предвидено да учествуваат претставници од сите парламентарни партии за забрзување на реформскиот процес.

Координаторот на пратеничката група на ДУИ, Ејуп Алими, се сретна со Иво Вајгл, пратеник во Европскиот парламент и известител за Република Македонија во Европскиот парламент.

На средбата беше разговарано за политичката состојба, за текот на локалните избори кои се одржаа во земјата, патот кон системските реформи, добрососедските односи како и членството на земјата во евроатлантските структури.

„Алими посочи дека по завршување на локалните избори парламентот, се враќаат на реформската Агенда и уште поактивно ќе се посветат на мерките и активностите што се во насока на отстранување на сите забелешки и пречки за евроинтегративните процеси на Република Македонија“, соопштија од партијата.

Вајгл ја изразил подготвеноста за продлабочување на поддршката на политичкиот дијалог во земјата и градењето на консензусот во насока на имплементација на Договорот од Пржино и ургентните реформски приоритети за Република Македонија.

„Во таа насока, Вајгл информираше за воспоставувањето на еден нов формат на политички дијалог таканаречен ‘Жан-Моне’ на кој ќе учествуваат претставници од сите парламентарни партии со цел интензивирање на реформскиот процес во земјата и приближување на Република Македонија кон ЕУ и НАТО“, соопшти ДУИ.

Алими потврди дека ДУИ ќе земе активно учество во дијалогот и со тоа, како што велат од партијата, ќе ги стави државните интереси пред партиските.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Цели 13 години на ДУИ додека беше на власт не му сметаше што Јени Џамија е споменик на културата

Меџити: И јас тврдам дека немаме закон за албанскиот јазик, ДУИ се во паника и без визија

ДУИ: Од прв премиер Албанец до целосно уназадување за неколку месеци

Катерина Ѓуровски

Ахмети: Aлбански народ ќе го брани албанскиот јазик што е постигнат со пожртвуваност

ДУИ: Предвремени избори – решение за кризата на легитимитетот и предуслов за економска благосостојба

А1он

ДУИ: Нафије Селмани и Афрона Верзиволи се партиски кандидати

Катерина Ѓуровски