Еврокомесарот за соседска политика и пристапни преговори, Јоханес Хан денеска беше во посета на Тирана, каде што од страна на албанскиот премиер му беше посочено дека Албанија заслужува отворање преговори за членство во ЕУ.
Хан на тоа одговори дека Албанија е на добар пат, но исто така кажа дека очекува резултати од законот за проверка на политичарите.
Тој посочи дека ЕУ одлучува врз основа на резултати и факти.