Грозоморен настан во Тирана – Американец ја задавил сопругата и двете кучиња и се обесил

Од:

Грозоморен настан ја вознемири албанска јавност во кој американскиот државјанин, Метју Џејмс Вертс(55), професор на Американ колеџ во Тирана, ја задавил сопругата и двете кучиња-домашни миленици, па се самоубил со бесење.

-Трагичниот настан, кој наликува на сцена од хорор филм, се случил во стан во населбата „Треши“ во Тирана, што го имале изнајмено под кирија.

Истиот го открил директорот на училиштето во кое работел Американецот, откако тој не се појавил на работа а и по многуте обиди да го добие на телефон не одговарал.

Отишол до станот на професорот и го нашол обесен по што ја известил полицијата, објавија албанските медиуми.

Кога стигнала полицијата се мислело дека е само мртвото тело на професорот, но потоа во потрага по нови докази, пронајдено е и мртвото тело на неговата сопруга Индах Лилис Сартика, по потекло од Индонезија, но со американски пасош.

-55-годишниот Американец откако ја задавил жената со јаже, го покрил телото со облека и врз него ги ставил двете, исто така со јаже задавени кучиња, по што се обесил, наведуваат медиумите.

Дел од медиумите пренесуваат дека оставил проштално писмо до татко му во кое стои: Татко, извини, не успеав. Жал ми е за тоа што го направив, тоа беше посилно од мене“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Хаос на протестите во Тирана: демонстрантите фрлаа молотови коктели, има повредени полицајци

ВИДЕО: Опозицијата запали собраниски столици пред албанскиот парламент

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

„Еурактив“: Албанија на 15 октомври ги отвора преговорите со ЕУ по поглавја