Средба на Заев со претставници на граѓанскиот сектор: Поддршка на иницијативата за донирање вишоци безбедна храна

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска се сретна со претставници на Националниот Демократски Институт, вишите програмски менаџери, Слаѓана Марјановиќ Пановска и Филип Чапароски и со претставници од граѓанскиот сектор, Блаже Јосифовски од невладината организација Ајде Македонија, Ана Голешка од граѓанската иницијатива Ретвитни оброк и Тони Станковски, претседател на здружението на граѓани Љубезност, коишто се поддржани од 80-тина невладини организации во иницијативата за носење Закон за донирање вишоци храна.

Иницијативата на невладините организации, којашто е поддржана од американската непрофитна и непартиска организација НДИ, за донирање вишоци храна, е содржана и во Програмата на новата Влада. На состанокот се разговараше за нејзина реализација низ законска процедура, како и за имплементацијата, во што се планира активно да биде вклучен и граѓанскиот сектор.

Претставниците на НДИ и на невладините организации ја поздравија отвореноста на Владата, да се работи активно и заеднички на ова прашање, кое што е регулирано во сите современи демократски држави, а ефектите покрај хуман карактер вклучуваат и економско-социјални придобивки, како и заштита на животната средина.

-Владата на Република Македонија е подготвена да работи со сите заинтересирани чинители во општеството на сите важни прашања за граѓаните. Развиваме политики за подигнување на животниот стандард на граѓаните, но факт е дека хуманата димензија е важен сегмент во секое општество и ние ќе овозможиме нејзина активна примена. Ја цениме соработката со граѓанските организации којашто продолжува и по промените, преку градењето демократско, современо општество, рече премиерот Заев.

Претставниците на невладиниот сектор и на НДИ информираа за резултатите од направените анализи и предложија можни решенија, изработени по консултациите со министерствата за труд и социјална политика, за земјоделство, за финансии, Агенцијата за храна и ветеринарство, како и со бизнис секторот преку стопанските комори.

Податоците, како што беше информирано, покажуваат дека Македонија е меѓу првите земји во светот по глава на жител во однос на фрлање безбедна, употреблива храна, што со законското решение, за кое што се разговараше, треба да биде насочена во хумани цели.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бугарија има јасна агенда за бришење на јазикот и идентитетот, СДС знаеше за ова и го дозволи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче му возвраќаат на Заев, неговите деца во партијата станаа кандидати за градоначалници

ВМРО-ДПМНЕ: Акиов е човек од доверба на Заев и соучесник во сценариото кое го подготвил со Филипче за дестабилизација во Кочани

Во енергетска криза, кланот Заеви и Филипче преку шема на фирми препродавале јаглен на ЕСМ три пати поскапо и профитирале, а граѓаните плаќале повисоки сметки за струја

Предраг Петровиќ

Манасиевски: Дали Филипче и Заев имале акции во индиска авиокомпанија и оттаму им се средствата за 50-катница во Дубаи

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните не може да очекуваат ништо од СДС, ниту од Филипче, кој сака да биде „втор Заев“

Горан Наумовски