Јемен, кој од понеделникот се наоѓа под блоката од страна на Саудиска Арабија, се соочува пред најтешката криза со недостиг на храна во последните децении, што може да предизвика смрт на голем број лица, предупреди заменик-генералниот секретар на ОН за хуманитарни прашања Марк Лоукок.
По заседанието на Советот за безбедност на ОН зад затворени врати, Лоукок наведе дека побарал итно продолжување на доставата на пратките со хуманитарна помош за населението во Јемен, што беше запрена кон почетокот на неделава.