(ВИДЕО) Јовановски: Одлуката за „Тврдина 2“ е партиско политичка нарачка

Од:

„Одлука на судот значи подривање на правната држава. Одлуката нема никаква правна основа, туку е партиско политичка нарачка која треба да го означи политичкиот прогон во Република Македонија.

Ова е апсурден предмет со кој се обвинува за фалсификат, а се става на товар дека наводно биле уништени исправи со вистинита содржина. Апсурдот да биде поголем ваква инкриминација не постои во актуелниот кривичен закон, односно СЈО го промашиле кривичното дело заради нестручност, незнаење или сервилност за извршување на политичките наредби.

Дополнително донесена е пресуда по предлог обвинение застапувано од СЈО кое е не е надлежно за ваков предмет. Во однос на надлежноста на СЈО околу предметот, се креира дополнителна конфузија. Законот нив ги ограничува на постапување единствено во врска со предмети кои директно произлегуваат од нелегалните разговори. За „Тврдина 2“ не постои ниту еден незаконски снимен разговор на кој се повика СЈО во постапката, а измисленото дело кое се става на товар е надвор од временската рамка која го ограничува постапувањето на СЈО.

Ова одлука е резултат на политичкиот прогон и на политичкиот притисок. Ова е политичка а не правна одлука“, изјави Крсте Јовановски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Мицкоски очекува новиот јавен обвинител да истражи како Катица Јанева ги предаде случаите од затвор

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО