(ВИДЕО) Стојаноска: Покрај докторите СДС ги излажа и младите специјализанти

Од:

СДС ги излажа и младите специјализанти.

Покрај докторите од клиниките, кои не го добија ветеното покачување на платите до 100.000 денари, СДС ги излажа и младите специјализанти.

СДС ветуваше плата и придонеси за приватните специјализанти, и НЕ го исполни ветувањето.

СДС во познатиот манир на празно ветување и манипулирање со јавноста, за 100 дена влада напразно зборуваше дека специјализантите заслужуваат да бидат платени. Од тогаш поминаа 2 месеци, специјализантите се уште заслужуваат да бидат платени, но од ветувањето на СДС не е реализирано ништо.

Во буџетот за 2018 година не се предвидени средства за плата и придонеси за младите специјализанти.

СДС ги остави на цедило младите специјализанти, како што ги остави и докторите специјалисти од клиниките на кои напразно им ветуваше плата од 100.000 денари.

Дополнително, СДС не продолжи да ги реализира ниту кофинансираните специјализации кои ги отпочна владата на ВМРО-ДПМНЕ и со кои државата покриваше најголем дел од надоместокот на младите специјализанти. Владата на ВМРО-ДПМНЕ објави вкупно 5 огласи за кофинансирани специјализации за дури 345 специјализации во бројни медицински области.

СДС и оваа група на специјализанти ја остави на цедило.

Само за споредба, владата на ВМРО-ДПМНЕ десеткратно го зголеми бројот на специјализации кои се доделуваа на годишно ниво, за разлика од претходно. ВМРО-ДПМНЕ за првпат овозможи специјализација на доктори во реномирани медицински центри во странство како Германија, Хрватска, Србија и други земји. И што е уште поважно, владата на ВМРО-ДПМНЕ значително ја намали цената на приватни специјализации за 20%.

Дали СДС ќе исполни некое ветување или ќе продолжи со лаги и манипулации да ги поткупува здравствените работници?“, изјави Дафина Стојаноска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Еве го документот, зошто новото задолжување го нема во ребалансот, дали ќе се прекрши законот

СДСМ со ново барање до Владата: Минималецот да скокне на 36.000 денари

СДСМ: Мицкоски може да ја менува статистиката, но долгот расте

(ВИДЕО) Фрчкоски: ДКСК да ја прошири истрагата за Андоновски со новата фирма „Нома солушнс“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Фрчкоски: Трансформирање на тендери од 1,5 милиони евра во министерството на Андоновски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Мицкоски брутално ја задолжува Македонија – 4 милијарди евра за само две години