Вработените во Фондот за здравствено осигурување на Македонија денеска даруваа крв во рамки на акцијата „Фондовско срце“ која се организира во соработка со Институтот за трансфузиона медицина и Црвениот крст. Акцијата се организира по четврти пат.
Од ФЗОМ соопштија дека крводарителската акција се одвива на ниво на цела институција, а крв дарувале и вработените во Подрачните служби на Фондот во Скопје и во 30 градови.
Оваа хуманитарна акција, наведуваат од ФЗОМ, има за цел да ја подигне свеста за потребата и важноста од доброволното дарување крв, свеста за хуманоста и спасувањето човечки животи и да охрабри и поттикне што е можно повеќе луѓе да даруваат крв.