Ангеловски: Верувам во тимот, без разлика на отсуствата

Од:

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски упати дополнителен повик до Анес Османовски за контролниот натпревар против Норвешка.

17-годишниот Османовски настапува во Германија за тимот на Унтерахинг. За натпреварот со Норвешка, Ангеловски дефинитивно нема да смета на повредниот Висар Муслиу од Вардар, а попладне по дополнителните медицински тестирања во Загреб, ќе биде јасно дали Аријан Адеми од хрватски Динамо ќе може да се стави на располагање на репрезентацијата.

– Без разлика на отсуствата на неколкумина фудбалери, јас верувам во тимот и во играчите кои ги имаме на располагање за претстојниот натпревар. Знаеме што нѐ очекува, ќе се соочиме со различен стил на игра кој го форсираат Норвежаните, но верувам дека ќе го наметнеме нашиот ритам и со успех ќе ја завршиме фудбалската 2017 година. На овој дуел ќе пробаме неколку тактички варијанти и се надевам дека сите ќе бидат на висина на задачата, рече Ангеловски на денешниот брифинг со новинарите.

За одлуката да го повика Османоски, селекторот кажа дека сака да ја продолжи праксата на давање шанса на младите кои во иднина можат да бидат важен дел одрепрезентацијата.

Натпреварот Македонија – Норвешка е закажан за 11 ноември на Национална арена „Филип Втори“ во Скопје.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска