Не почна повтореното судење за убиството на Матилоски

Од:

Повторениот судски процес за убиството на охриѓанецот Димитар Матилоски (27) на новогодишната ноќ во 2016 година никако да почне. Обвинетиот Бојан Угреновиќ (30), од Краљево, Србија и денеска не се појави на закажаното рочиште во Основниот суд во Охрид, по што судијата Весна Кичеец го одложи судењето и го презакажа за 28 ноември.

Кичеец образложи дека судењето е одложено затоа што до Судот не бил доставен одговор од МВР дали обвинетиот е пронајден согласно решението за определување на притвор. Најави дека ќе достави ургентно барање до МВР да се произнесе дали обвинетиот воопшто е достапен за органите на прогонот.

Инаку, ова е седми пат како се одложува почетокот на повторениот судски процес. Првично Угреновиќ беше осуден на 16 години затвор, а по жалбата на одбраната Апелацискиот суд во Битола го врати предметот на повторно судење. Обвинетиот ги искористи недоследностите во легислативата и од 27 јули се брани од слобода.

Од тогаш ниту еднаш не се има појавено на рочиште од повторениот процес што против него се води пред Основниот суд во Охрид.

Драгица Матилоска, мајката на убиениот Димитар, разочарана од епилогот на процесоти од одлуката на Апелација.

– Јас не знам дали тие луѓе во Апелација имаат деца, но би ги прашала како би се чувствувале тие доколку поминуваат низ мојата голгота. Утре е Митровден, а ние именденот на мојот син Димитар ќе го одбележиме на гробишта, додека неговиот убиец е на слобода, а нас само не малтретираат да доаѓаме напразно на рочишта. Јас до ден денес не знам зошто тој го уби мојот син. Како просветен работник секогаш ги учев моите ученици да веруваат во правда и правичност и се надевам дека ќе има правда во овој случај, дека сторителот на делото ќе биде осуден, а душата на мојот убиен син конечно ќе најде мир, изјави таа.

Убиството на Матилоски се случи на новогодишната ноќ, на дочекот, на 2016 година, во тепачка што се случи пред влезот на кафе-бар во центарот на Охрид.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Француски турист убиен во Ксамил поради наводна кавга за девојка

Царина: Контролите даваат ефект, евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз

Предраг Петровиќ

Во јуни 113 436 туристи и 221 608 ноќевања, најмногу гости од Турција, Србија, Германија и Бугарија

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он

Убиен е високорангиран член на Шкаљарскиот клан во Црна Гора

А1он

Иран: Америка ќе плати за убиството на дете и брачна двојка