Апелација ќе расправа дали 8 бомби ќе бидат доказ во постапката за „мерцедесот“ на Груевски

Од:

Апелациониот суд денеска попладне ќе расправа дали осум бомби ќе бидат доказ во постапката за набавката на „мерцедесот“ на поранешниот премиер Никола Груевски.

Случајот со набавката на луксузниот владин „мерцедес“ го отвори Специјалното јавно обвинителство, по името „Тенк“. Обвинение е поднесено против Никола Груевски, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и Ѓоко Поповски, заменик – министер во МВР.

Обвинетите се товарат дека ја злоупотребиле службената положба за да прибават имотна корист за себе или за друго лице, со што му нанеле штета на државниот буџет. Во прислушуваните разговори кои ги објави опозицијата набавката на ова возило била договарана помеѓу Груевски и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Украина: Русија почна масовно да користи термобарични боеви глави

Горан Наумовски

Полицајци пронашле рачни бомби поставени на планинарска патека

Горан Наумовски

Апелација ја укина пресудата и го врати на повторно судење предметот против Мухамед Зеќири

СБУ: Руси поставиле експлозиви во продавници во Киев, планирале терористички напад

Мијалков излегува порано од затвор, Апелација го врати предметот „Империја“ на повторно судење

A1on

Тенк прегази двајца војници во Полска: Едниот загина, другиот во критична состојба