Во поплавите предизвикани од тајфунот Дамри, што во саботата погоди делови на Виетнам, според последните податоци, загинаа најмалку 49 лица, а 27 се водат како исчезнати, јави ДПА.
Ветровите достигнуваа брзина и до 135 километри на час, а дождовите предизвикаа поплави кои на места изнесуваа и до метар и половина, соопшти виетнамскиот Централен раководен комитет за спречување природни несреќи.
– Ова е една од најголемите бури во нашата историја, изјави министерот Нгуен Суан Кјонг.
Над 23.000 домови биле уништени, а потопени се 10 бродови и 1.300 рибарски бродчиња.
Бурата може да влијае и на организирањето на самитот на Организацијата за Азиско-пацифичка економска соработка (АПЕК), на која треба да присуствуваат и претсдателите на САД и Русија. Доналд Трамп и Владимир Путин.