Суданските Сили за итна поддршка (РСФ) соопштија денеска дека заплениле 19 тони хашиш во сојузната држава Дарфур.
– Во вторникот, на 31 октомври, нашите војници се судрија со банда кријумчари, кои ги чекавме во заседа. Го заробивме нивниот водач и запленивме две возила, во кои имаше 19 тони хашиш, изјави денеска портпаролот на РСФ Абдулрахман ал-Џали.