ВМРО-ДПМНЕ: Со укинувањето на советот на јавни набавки Владата отвора врата за корупција и криминални тендери

Од:

„Со укинувањето на советот на јавни набавки владата на СДСМ отвора врата за корупција и криминални тендери.

Целта е да се елиминира секој ограничувачки фактор со кој би можел да гарантира законитост на јавните набавки.

Укинувањето на советот на јавни набавки ќе значи бришење на значаен контролен механизам. Очигледно е дека на Владата и сметаат законитите тендери.

Функцијата на советот е да одлучува по однос на најспецифичните случаи на јавни набавки како најсигурен заштитен механизам од малверзации и тоа да дава согласност за техничките спецификации, во случаи кога на пазарот нема најмалку 5 производители или понудувачи кои може да ги задоволат условите, согласност за групирање на повеќе ставки во еден дел – и тоа во случаи само кај набавката на лекови, потрошни медицински материјали и медицински помагала итн.

Со оглед на тоа што во минатиот период од 6 месеци видовме како фирмите на вицепремиерот Анѓушев добиваат милионски специфични тендери од државата, како Заеви преку ноќ се стекнуваат со фабрики по багателни цени, целта на укинувањето на советот на јавни набавки е токму да се олесни патот кон криминални тендери за хунтата на власт.

Советот за јавни набавки кој гарантира законитост на постапката за јавни набавки што е и барање на Европската Унија, СДСМ сака да го укине за да може да прави криминал.

Фирмите на луѓето од власта да се богатат додека даноците за сите останати се зголемуваат“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Да градиме мостови на разбирање и соработка

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

Лукаревска: ВМРО-ДПМНЕ го одби амандманот за зголемување на платите на пожарникарите

Горан Наумовски

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Тренчевска: Кошничката е прескапа, ДПМНЕ да прифати 0% ДДВ на храна и минимална плата 450