Пуџдемон: Подготвен сум да соработувам со белгиското правосудство

Од:

Разрешениот претседател на каталонската регионална Влада, Карлес Пуџдемон вечерва изјави дека е подготвен да соработува со белгиските правосудни власти, кои, според него, за разлика од шпанските, не се политизирани.

– Нема да бегам од правдата. Ќе отидам пред судските власти, но вистинскјите судски власти. Му реков на мојот адвокат да ги извести белгиските правосудните власти дека сум целосно подготвен да соработувам со нив, изјави Пуџдемон.

Шпанскиот Врховен суд вечерва соопшти дека издал европски налог за апсење на Пуџдемон, како и за четворица членови на неговиот разрешен Кабинет.

Пуџдемон и четворицата министри, кои заминаа во Брисел откако на регионалните власти на Каталонија им беа одземени сите надлежности, се обвинети за бунт, поттикнување на бунт, злоупотреба на јавни фондови и кршење на довербата.

Би можело да ве интересира

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети

Со солзи, белгискиот премиер Де Кро најави оставка по поразот на европските избори

A1on

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Шпанскиот парламент донесе одлука за амнестија на организаторите на референдумот во Каталонија