Мрдни со прст: Младинско вклучување за локални проблеми во Куманово

Од:

Иницијативи поврзани со екологија, поставување на забавен парк за деца, разубавување на неколку подрачја и подобрување на социјалниот живот во рурални средини се дел од акциите реализирани од младите од Куманово во соработка со жителите од Куманово, Липково и Старо Нагоричане во рамки на иницијативата на Центарот за интеркултурен дијалог во партнерство со „Мрдни со прст“.

Ова беше соопштено на завршниот настан кој го организираше ЦИД во Центарот за култура. Акциите се реализраат како барање на граѓаните, кои се вклучиле во имплементација на иницијативите.

Целта на овие акции, како што посчија од ЦИД е да се нагласат потребите на граѓаните во општество и да им се овозможи пристап кон разни алатки и ресурси за активно да се приклучат во подобрување на заедницата во која живеат.

– Во Куманово беа спроведени три иницијативи едната за почисто Куманово која се состоеше од еколошки акции на три различни места, втората беше креирање на катче за час во природа за сите кои го посетуваат дневниот центар за лица со посебни потреби и третата иницијатива беше 3Д Улична уметност спороведено во дворот на младинскиот центар Мултикулри, изјави Ивана Стојчевска од ЦИД.

Во Липково, младите заедно со жителите од Оризаре изградија детско катче во основно училиште, а во село Слупчане беше поставена урбана опрема, корпи за отпадоци, клупи долж кејот кој е во изработка, а поставена е и автобуска постојка. Во рамки на иницијативата во Старо Нагоричане беше реконструирана просторија која на младите ќе им служи како катче за социјализација, дружење.

Иницијативите, велат од ЦИД потекнале од самите граѓани кои преку отворени собир ги предложиле како дел од потребите во конкретните општини. Сите активности се реализираа во октомври.

Би можело да ве интересира

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

30 дена притвор за двајца насилници кои претепаа сопственик на кафеана

Горан Наумовски

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

(ВИДЕО) Левица: Од парк – шума до бетонска џунгла, Советот на Куманово го менува ликот на „Ловечки дом“

Горан Наумовски

Силен ветер откорна парче лим од покрив на зграда во Куманово

А1он