Цените на угостителските услуги во октомври годинава останаа на исто ниво како претходниот месец, а во споредба со октомври лани се зголемени за 0,8 отсто.
Според податоците на Државниот завод за статистика, зголемување на цените е забележано во групата Храна за 0,1 отсто, Алкохолни пијалаци за 0,2 и Безалкохолни пијалаци за 0,3 отсто, додека во групата Ноќевања има намалување за 0,5 отсто.
Цените на угостителските услуги, пак, за првите 10 месеци од годинава се зголемени за 0,7 отсто, а во однос на ланскиот декември за 0,5 отсто.