(ВИДЕО) Антовски: Ќе ги поддржиме само проектите кои ќе бидат од значење за жителите на општина

Од:

„Денешната прес конференција е по повод одржување на конститутивната седница на Советот на општина Аеродром.

Би сакале да ја информираме јавноста, а пред се жителите на општина Аеродром дека советничката група на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе дејствува како конструктивна опозиција во советот и притоа ќе даваме поддршка на сите позитивни проекти што ќе ги реализира општинската администрација, а кои ќе бидат од значење за жителите на општина Аеродром.

Меѓутоа, како советничка група исто така и ќе ги критикуваме и ќе се спротивставиме на сите проекти кои нема да бидат од интерес на жителите на општина Аеродром.

Новиот градоначалник ја превзема општината со буџет од 3,5 милиони евра, без ниту еден денар долг и без ниту еден кредит, но и со огромен број на реализирани проекти.

Искрено се надеваме дека новиот градоначалник во интерес на жителите на општина Аеродром ќе продолжи да ги реализира веќе отпочнатите проекти од претходниот градоначалник, како што се изградба на нова детска градинка во Ново Лисиче и проширување на улицата Коста Новаковиќ, за што веќе се обезбедени средства во буџетот на општината и се склучени договори за изградба.

За жал, како советничка група имаме сознанија дека градоначалникот и советничката група предводена од СДСМ за денешната седница на советот планираат да стават и дополнителна точка на дневниот ред, а тоа е одлука за раскинување на договорот за јавно приватно партнерство со приватен инвеститор за изградба на нов современ спортски комплекс во близина на спортската сала „Јане Сандански“, поточно за изградба на тениски стадион и комплетна потребна инфраструктура, со што Аеродром ќе беше меѓу првите општини во регионот, а секако прва општина во Македонија која ќе имаше тениски терени согласно стандардите за одржување на ATP тениски турнири, но и место за спорт и рекреација на жителите на општина Аеродром, како и можност за околу 100 нови вработувања.

Дали станува збор за бизнис интереси или нешто друго ќе видиме наскоро, меѓутоа ако првиот проект на новиот градоначалник е прекинување на нешто што веќе е сработено и е обезбедена инвестиција од повеќе од 10 милиони евра од приватен партнер, за што е вложен огромен труд, не можеме да бидеме големи оптимисти за идниот развој на општина Аеродром, особено не со интензитет како досега, кога општината беше предводена од ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Пане Антовски.

Би можело да ве интересира

Наставничка е нападната додека држеше родителска од мајка на ученик

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Ѓорѓиевски: Сите резиденти на Аеродром ќе може да паркираат на сите зони во општината без надоместок

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат