Вработен во Твитер вчера направи шега, во последниот негов работен ден во американската компанија, деактивирајќи го налогот на американскиот претседател Доналд Трамп.
Во траење од 11 минути, посетителите на налогот @realDonaldTrump, кој има 41,7 милиони следбеници беа пресретнати со соопштението – За жал таа страница не постои.
Налогот на Трамп подоцна беше обновен. Првично компанијата соопшти дека станва збор за човечка грешка и дека деактивирањето е направено од невнимание, но подоцна беше соопштено дека е дело на нивни вработен кој ја напуштал компанијата.