Дескоска учествуваше на панел-дискусија „Науката како двигател на економскиот развој”

Од:

Во рамки на регионалната економска конференција во Будва – „Економска конференција на Црна Гора 2017 – Предизвици на патот кон Европската унија“, министерката за образование и наука Рената Дескоска учествуваше на панел-дискусија „Науката како двигател на економскиот развој”.

Министерката, како што соопштува МОН, истакнала дека за да се поттикнува и унапредува технолошкиот напредок, земјите во развој треба да инвестираат во квалитетно образование за млади, како и континуирана обука за работната сила.

– Министерството за образование и наука на Република Македонија активно ја поддржува определбата дека најголемата инвестиција е образованието на младите генерации, а преку стимулирањето на нивната научна креативност како држава ќе создадеме млад научен потенцијал, кој преку своите истражувања и сознанија ќе дадат импулс во позитивна насока во сите сфери во општеството и државата. Креирањето на соодветни политики и преземањето мерки за развој на науката како и поголемо инвестирање во науката се основна задача на нашето министерство, истакнала Дескоска.

На панелот министерката потенцирала дека МОН во наредниот период ќе спроведе поголем број мерки и активности со цел да се подигне квалитетот на образованието на сите нивоа.

– Креирањето соодветни политики и преземањето мерки за развој на науката, како и поголемо инвестирање во науката, се основна задача на нашето министерство. Владата на Република Македонија и Министерството за образование и наука и покрај сложената финансиска состојба сметаат дека вложувањата во науката и научните истражувања треба да се зголемуваат во континуитет, истакнала Дескоска на панел-дискусијата во Будва во рамки на економската конференција.

Би можело да ве интересира

Во Кочани над 50 наставници останаа без работа

МОН објави конкурси за стипендии за најдобрите универзитети во академската 2025-2026 година

Јаневска: МОН со закон ќе го официјализира дуалното образование

МОН: Над 1.000 асистенти во новата учебна година ќе бидат поддршка на учениците со попреченост

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

МОН: Нов електронски дневник за работа на училиштата, по тестирањето ќе почне неговата официјална примена

Горан Наумовски