Во Куманово презентирано едукативно видео „Да зборуваме, моето здравје е мое право“

Од:

Во рамки на проектот „Унапредување на достапноста до здравствената заштита на жените Ромки“, вечерва во Куманово во присутво на млади, претставници од здравствени установи и образовни институтции, Националниот Ромски Центар го промовираше филмот под мотото „Да зборуваме, моето здравје е мое право“.

Преку филмот, според НРЦ, се упатува порака до младите да збруваат отворено за сексуалното и репродуктивното здравје, за ризиците, за нивните здравствени права.

– Креативното видео е наменето да ги едуцира најмаргинализираните групи, пред се, младите, за да се информираат што е сексуално и репродуктивно здравје и правата кои ги имаат. Постојат институции кои работат на оваа проблематика, но недоволно се промовираат информации и за младите и за останатите. Видеото ги опфаќа правата на пациентите, имаме и советувалишта за сексуално и репродуктивно здравје кои доволно не се искористени од страна на младите и наша идеја е да ги поттикнеме за оваа чуствителна тема која е табу, да зборуваат со луѓето во кои имаат најмногу доверба, пред се, матичните гинеколози, но и останатите здравствени работници, изјави Себихана Скендеровска, координатор на проектот.

Оваа активност е продолжените на програмата, која што НРЦ ја спроведува изминатите 10 години во однос на застапуавње на здравствените права на жените Ромки, а во последните години, работи на зајакнуавње на жените во однос на чуствителните теми, како што е сексуалнотои репродуктивното здравје и пристап до превентивна здравствена заштита.

Адвокатот Магдалена Јакимовска вели дека пациентите недоволно се информирани за нивните здравствени права, за бесплатни прегледи во јавните здравствени установи.

На вечерашата промоција на филмот се обрати и директорката на Кумановската болница Снежана Захариева, која упати порака до младите редовно да ги посетуваат лекарите и со нив да разговараат на темите кои за нив се чустивителни, со цел превентивно делување од несакани последици.

Би можело да ве интересира

Идната недела ќе се знае дали имало пропусти при породувањето на кумановката, новороденчето се уште на респиратор

Се утврдува причинaтa за смртта на родилката од Куманово, новороденчето e на скопските клиники

Горан Наумовски

31-годишна родилка почина во Општата болница во Куманово

Горан Наумовски

Полицијата уапси кумановец поради предизвикување пожар

Изгаснат е пожарот во стан од зграда во централното градско подрачје во Куманово

ВИДЕО: Невреме во Куманово, делови без струја, паднати покриви, одрони