Борисов: Европската перспектива на Западен Балкан е приоритет за Бугарија

Од:

Евроатлантската перспектива на земјите од Западен Балкан и приоритетите на бугарското претседателство со Советот на ЕУ беа главните теми за време на состанокот помеѓу премиерот Бојко Борисов и швајцарската претседателка Дорис Лојтхард, соопшти прес-службата на кабинетот.

Бугарскиот премиер Борисов ја определил темата за европската перспектива на земјите од Западен Балкан како клучен приоритет во програмата на бугарското претседателство.

– Дебатата за иднината на Европа е поврзана со дебатата за европската интеграција на овие држави, нивното вклучување, стабилност, просперитет и почитување на вредностите на Заедницата. Затоа во календарот на бугарското претседателство е предвидена Самит меѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан во мај 2018, истакна Борисов.

Според него швајцарските проекти во земјите од регионот можат да бидат многу корисни за економскиот развој и социјалната кохезија со земјите-членки и со земјите од Европската економска област.

Лојтхард изрази очекување дека Бугарија ќе биде отворен ротационен претседавач на Советот. Во разговорот биле разгледани и теми поврзани со иднината на обединета Европа, вклучувајќи проблемите предизвикани од миграциската криза и повлекувањето на Велика Британија од ЕУ.

Би можело да ве интересира

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот

ЕУ издвојува уште една милијарда евра за Украина во рамките на заемот од Г7

Урсула фон дер Лајен: ЕУ е подготвена да се брани од американските царини со контрамерки

Медиуми: Британија и некои земји од ЕУ работат на сопствен одбранбен фонд, одвоено од Брисел

Бугарската влада на Росен Желјазков го преживеа гласањето за недоверба

Зеленски: Ако не сме членка на ЕУ, нема да има договор за експлоатација на ретки минерали