Петмина штипски гимназијаци ќе учествуваат на меѓународен натпревар за стартапи во Брисел

Од:

Пет ученици од штипската гимназија „Славчо Стојменски“ ја освоија првата награда на меѓународниот натпревар за стартапи „Get in the ring“ во категоријата за електронско здравство.

Учениците и нивниот професор Петре Петковски на денешната прес-конференција истакнаа дека наместо да се натпреваруваат со своите врсници од останатите средни училишта во земјава, комисијата одлучила да се натпреваруваат заедно со бизнис плановите на старт ап компаниите. Ученикот од четврта година, Никола Патраклиски вели дека тие изработиле бизнис план за правење на маска за мобилен телефон за лицата со рејнаудов синдром или познат како синдром на студени раце.

– Тоа е синдром со кој лицата имаат послаба циркулација на рацете, а идеката ни е маската на телефонот да ги затоплува нивните раце, а истовремено може и да лади, вели Патркалиски.

Идејата на петтемина штипски гимназијалци е до март наредната година да произведат прототипи и изработат каталози и да видат како оваа нивна идеја и иновација ќе им се допадне на луѓето во Македонија.

Нивниот професор и ментор Петре Петковски вели дека по првата награда на меѓународниот натревар „Get in the ring“, што се одржа во Скопје, сега учениците ќе се подготвуваат со истиот бизнис план и иновација на натревар во Брисел, што ќе се одржи во март 2018 година. Наградата на овој натревар е со фонд од еден милион евра. Менаџерскиот тим на гимназијата „Славчо Стојменски“ – Штип веќе ги обезбеди авионските карти за петтемина ученици кои ќе се натреваруваат.

Би можело да ве интересира

Уапсени тројца штипјани, криеле автоматски пушки и муниција

Горан Наумовски

65-годишна штипјанка со нож го ранила шест години постариот сопруг

Горан Наумовски

54-годишен штипјанец со нож си ја убил мајката

Горан Наумовски

Штипјанец осомничен за убиство, ги нападнал сопругата, нејзините брат, татко и мајка

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

Мицкоски: Во Штип е најголемата здравствена инвестиција од околу 150 милиони евра