Досегашниот член на Њукасл, сенегалскиот фудбалер Демба Ба, потпиша тригодишен договор со европскиот шампион Челзи и со тоа ја официјализира неговата преселба меѓу „сините“ од Лондон.
– Многу е убаво да се биде овде. Среќен сум и горд. Штом ве повика освојувачот на Лигата на шампионите, одговорот е многу лесен. Не ми требаше многу време за да донесам одлука, изјави играчот кој за Челзи ќе настапува со број 29 на дресот.
Демба Ба е Сенегалец роден во Париз. Во досегашниот дел од Премиер лигата постигна 13 голови настапувајќи за Њукасл, а Челзи за неговите услуги плати осум милиони фунти.
Демба Ба пред две години играше и за Вест Хем во Премиер лигата, а од 2007 до 2011 ги бранеше боите на бундеслигашот Хофенхајм.