Заев на средба со раководството на Европската очна болница: Водени од начелото на хуманост, болниците треба да им служат на граѓаните

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, денеска се сретна со делегација на „Европската очна болница“, предводена од Хамди Атиоглу. На средбата присуствуваше и советникот за здравство на премиерот, Венко Филипче.

Посочувајќи дека начелото на секоја болница треба да е хуманоста, премиерот Заев истакна дека како и политичарите, така и болниците се отворени за да им служат на граѓаните. Докторите, како што рече тој, се таму за да им ги вратат насмевките на своите пациенти.

На средбата, директорот на „Европската очна болница“, чие седиште се наоѓа во Истанбул, Турција, потенцираше дека пациентите од Македонија со офталмолошки проблеми веќе не одат на лекување во странство. Во болницата во Скопје, како што рече Атиоглу се изведуваат сите видови на интервенции, вклучително и хируршки третман на тумор на окото, како и трансплантација на рожница.
Истакнувајќи дека Владата работи на редуцирање на потребата за лекување во странство, премиерот Заев рече Владата прави напори да ги врати неопходните специјалисти во Македонија. Тие, како што рече тој, би работеле тука постојано или по неколку дена во месецот.

Директорот на „Европската очна болница“, која во Скопје работи од 2011-тата година, на денешната средбата на премиерот Зоран Заев му ја понуди својата помош при координација со болниците од регионот, но и од Европа, сѐ со цел пациентите во Македонија навреме да добиваат врвни здравствени услуги.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев

Лефков: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра?

Човекот на фотографијата што ја објави Лефков, не е приведениот за подметнување пожар, реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

Возачот-потпалувач бил со Заев кога ги носеше „бомбите“ во СЈО, ВМРО-ДПМНЕ со фотографија тврди му бил близок

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека уапсениот за подметнување пожар е шофер на Заев: Возеше инспектори, не сум го видел од 2016 одговара екс премиерот