Тинејџерка во Штип паднала од прозорец во текот на забава

Од:

Утрово во 00:20 часот,  од Клиничка болница во СВР-Штип е пријавено дека е примено женско лице со видливи повреди на главата.

По превземени мерки и дејствија констатирано е дека се работи за Д.К.(17) од Штип која на  03/04.01.2013 година била на роденденска забава со нејзини врсници во куќа на ул.„Крушевска Реублика„ во Штип.

Околу полноќ истата влегла сама во тоалет и по  кратко време  лицата што биле присутни на забавата слушнале тап удар на  местото под прозорот од тоалетот, од надворешната страна на куќата.

Кога излегле ја забележале Д.К. како лежи во бессознание  и повикале  брза помош  по што била пренесена во Клиничка болница во Штип, а поради сериозност на повредите  пренесена е во Клинички Центар-Скопје.

СВР Штип превзема мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му