Клиниката за гинекологија доби четири нови инкубатори

Од:

Четири нови инкубатори доби денеска Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје, потврдија за МИА од таа јавна здравствена установа.

Владата вчера на седница донесе одлука според која, Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство – Скопје ќе добие 24 инкубатори. Се очекува, во наредниот период на Клиниката да пристигнат и останатите нови инкубатори.

Од Клиниката информираат дека вложуваат максимални напори за да се отстранат сите недостатоци кои неодамна ги утврди Државниот санитарен и здравствен инспекторат и условите да се подигнат на потребното ниво.

Покрај Клиниката за гинекологија и акушерство, шест нови инкубатори ќе добие и Универзитетската клиника за детски болести од Скопје, а уште десет инкубатори ќе бидат распоредени во клиничките и општите болници во Штип, Тетово, Струга, Прилеп, Охрид, Куманово, Битола, Гостивар и Струмица, како и во Специјалната болница за гинекологија и акушерство Чаир во Скопје.

Би можело да ве интересира

Бебе e пронајдено на клупа во Скопје

Горан Наумовски

Алиу: Градиме здравство што одговара на потребите на граѓаните

Алиу: Не градиме само објекти, туку посилен и похуман здравствен систем

Мицкоски: Не може да се пишуваат дежурства од 31 ден во февруари со 24 часа работни, а да очекуваме вложувања во здравството

Снема струја во ГАК на 28 март – институцијата тврди „Реагиравме на време“

Горан Наумовски

Доктор во јавно здравство заработил 700 илјади денари за еден месец

Предраг Петровиќ