Американската авиокомпанија Southwest Airlines за своите патници воведува концерти во живо во текот на летот.
За поудобно патување, Southwest воведе концерти во живот на одредени летови. Тој проект е осмислен во соработка со компанијата Warner Music Nashville.
За патниците коишто сакаат да слушаат музика во текот на летот овој потег ќе им одговара, но оние кои сакаат само да одмораат во релативна тишина ќе имаат мали проблеми.
Идејата на Southwest се однесува на продолжението на Live at 35 серија концерти која почна во 2011 година. Компнанијата сега покрена нова серија концерти, а последен настапи кантри пејачот Девин Досон.
Видеото објавено на Јутјуб покажува задоволни патници кои го снимаат настапот, но има и многу негативни коментари на Твитер, а некои однапред им порачуваат на Southwest дека не сакаат концерти.