Исплатена јануарската пензија

Од:

Јануарската пензија денеска е исплатена во целост. Исплатен е износ од три милијарди и 91 милион денари на 279.197 пензионери, кои примаат старосна, семејна или инвалидска пензија, соопшти Министерството за финансии.

Социјалната помош е исплатена вчера, на 34.008 корисници на социјална парична помош и 26.540 корисници на туѓа нега.

– Министерството за финансии им се заблагодарува на пензионерите и примателите на социјална помош за поддршката за донесувањето на буџетот и неговото финансирање што создаде основа за редовна исплата и почнувајќи од март зголемување на пензиите и социјалната помош, се вели во соопштението.

Без разлика на кризата, се наведува во соопштението, Министерството за финансии и Владата и во вакви тешки околности и натаму ќе продолжат со поддршка и редовна исплата на пензиите и социјалната помош.

Би можело да ве интересира

Пензионерите од денеска со повисоки пензии за 2500 денари

Мицкоски: Од утре почнува исплатата на зголемените пензии

Собранието ги усвои законските измени за линеарно зголемување на пензиите

ВМРО-ДПМНЕ: Сите пратенички групи да го поддржат Предлог законот за зголемување на пензиите

Горан Наумовски

СДСМ: Mицкоски ги излажа пензионерите, нема зголемување на пензиите за 5.000 денари како што ветуваше

АНАЛИЗА: Бројот на пензионери ќе се зголемува, притисокот врз ПИОМ ќе расте

Предраг Петровиќ