ЗНМ бара од Владата итно враќање на долгот на МРТ кон ЕБУ

Од:

Здружението на новинари на Македонија ја повикува Владата итно, во најбрз можен рок, да обезбеди средства за подмирување на долгот што МРТ го има кон Европската радиодифузна унија (ЕБУ), кој изнесува околу половина милион евра.

ЗНМ истакнува дека на тој начин ќе се отстрани опасноста МРТ да биде „отсечена“ од Европското радиодифузно семејство, што претставува голем чекор назад во процесот на европските интеграции со кој дополнително се нарушува имиџот на Македонија.

Неподмирувањето на долгот значи дека МРТ нема да може да емитува програма од ниту една членка на ЕБУ, ниту спортски натпревари, филмови, странски емисии, цртани филмови, документарна програма.

Во моментов, според информациите од централата на ЕБУ, МРТ нема пристап до содржините што се емитуваат преку нивните сервиси.

Реакцијата на ЕБУ според ЗНМ е последица на повеќегодишно недомаќинско работење на јавниот сервис за што треба да се сноси одговорност.

Исклучувањето на МРТ од ЕБУ е резултат на нефункционалниот модел на финансирање на јавниот сервис и на лошиот менаџмент, нагласува ЗНМ.

Програмскиот совет на МРТ на вчерашната седница донесе заклучок со кој побара од Владата да го подмири долгот на МРТ кон Европската радиодифузна унија.

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Попречувањето на новинарската работа е недозволиво

А1он

ЗНМ: Грубо прекршување на правата на новинарката Мирослава Симоновска: Повик за итна истрага

Чадиковски ги повика институциите да се најдат сторителите на запаленото возило на директорот и новинар на штипската Телевизија М НЕТ

ЗНМ: Запалено возилото на колегата Серсемов, бараме итна акција на МВР

Судскиот совет одлучи по претставката на ЗНМ: јавен укор за судијата Спировска Панева

ЗНМ: Нова контроверзна пресуда на Основниот граѓански суд Скопје